„ТОЈ ПОТПИС НЕ Е МОЈ!“ Ајде Миле да ги прегледаме сметките, ексминистерката Бисера го покани пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ

„Не кажа колегата Лефков дали одреди медиум на кој ќе ги соочиме фактите и прегледаме трошоците за моите службени патувања“, напиша Костадиновска Стојчевска на својот профил на Фејсбук.

4,515

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека потписот на сметката што ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, не е нејзин.

„Благодарам на ДПМНЕ што потврди дека се манипулатори и дека моето име служи за дефокус на нивното неуспешно неработење.






Имено, потписот на сметката не е мој и тоа лесно може да се докаже, а останатите три се без потпис. Се прашувам кој ќе ви поверува на лажирани сметки, без мој потпис, знаејќи ги кои се процедурите за затворање на патен налог.

Не кажа колегата Лефков дали одреди медиум на кој ќе ги соочиме фактите и прегледаме трошоците за моите службени патувања“, напиша Костадиновска Стојчевска на својот профил на Фејсбук.

 

 

 

🎥📸 БИСЕРО, ЕВЕ ГИ СМЕТКИТЕ, СИ АРЧЕЛА НАРОДНИ ПАРИ! Аферата „Бисера Антоанета“ потврдена со сметки доставени со патниот налог на министерката за култура

Поврзани содржини