ТОЈОТА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО ЧЕШКА Иневстицијата вреди 680 милиони евра
Фабриката во Колин сега ги склопува моделите на Тојота - Aygo X и Jaris Hybrid, а минатата година произведе повеќе од 225.000 возила.
Јапонскиот автомобилски гигант Тојота воспоставува нова производна линија во чешката фабрика за автомобили во градот Колин каде што ќе произведува електрични возила.
Вкупната вредност на проектот е 680 милиони евра, додека чешката држава ќе учествува со субвенција од 64 милиони евра.
Како што изјави претседателот на Тојота Мотор Европа, Јошихиро Наката, овој проект е дел од стратегијата на компанијата за постигнување јаглеродна неутралност во Европа до 2040 година. Покрај производството на автомобили, во рамките на фабриката ќе се гради и линија за склопување батерии.
Чешкиот министер за индустрија и трговија Лукаш Влчек нагласи дека државата ќе има корист од проектот од околу 250 милиони евра, додека премиерот Петр Фиала рече дека инвестицијата ќе донесе 245 нови работни места во фабриката, која веќе вработува повеќе од 3.200 работници.
– Автомобилската индустрија сочинува една десетина од нашиот БДП и ако сакаме да останеме конкурентни, мора да инвестираме во модернизација. Проекти како овој се клучни за иднината на чешката автомобилска индустрија – истакна Фиала.
Фабриката во Колин сега ги склопува моделите на Тојота – Aygo X и Jaris Hybrid, а минатата година произведе повеќе од 225.000 возила.