„ТОЈ НЕ Е ЧУДОВИШТЕ, ОВА Е ЛИНЧ НА СИН МИ“ Мајката на Диди го прекина молчењето
Музичарот и продуцент и еден од највлијателните луѓе на 21. век во светот на шоубизот во САД, Шон Пи Диди Комбс веќе три недели е во притвор во Бруклин.
Музичарот и продуцент и еден од највлијателните луѓе на 21. век во светот на шоубизот во САД, Шон Пи Диди Комбс веќе три недели е во притвор во Бруклин.
Раперот е обвинет за рекетирање, злоставување, обид за силување и силување како и за трговија со луѓе. Против него се подготвени да сведочат околу 120 луѓе, а ако биде прогласен за виновен му се заканува доживотен затвор.
Мајката на Диди, Џенис Смолс Комбс, како што се очекуваше минатиот викенд застана во негова одбрана.
„Ми се крши срцето кога гледам како мојот син го судат, не поради вистината, туку поради приказна создадена од лага. Да сведочам на она што изгледа како јавен линч на мојот син, пред тој да има шанса да ја докаже својата невиност, е неподнослива болка што не може да се опише со зборови. Како и секој човек, мојот син заслужува да го каже својот збор и својот ден на суд, за конечно да ја сподели својата страна и да ја докаже својата невиност“, рекла таа „Пејџ сикс“ преку нејзиниот адвокат.
View this post on Instagram
Џенис се осврнала и на видеото во кое Диди физички ја напаѓа својата поранешна девојка Кеси Вентура.
„Не сум тука да го прикажувам мојот син како совршен, бидејќи тој тоа не е. Правеше грешки во минатото, сите сме правеле. Мојот син можеби не бил сосема искрен во врска со одредени работи, како негирањето дека некогаш бил насилен кон поранешната девојка, иако хотелските камери го покажаа спротивното“, рекла таа, па открила што мисли дека е причината поради која Кеси и Шон се спогодиле еден ден откако таа поднесе тужба против него.
„Понекогаш, вистината и лагите стануваат толку тесно испреплетени што станува застрашувачки да се признае еден дел од приказната, особено кога таа вистина е надвор од нормата или е премногу комплицирана за да се верува. Поради тоа верувам дека правниот тим на мојот син одлучи да се нагоди наместо да се оспорува тужбата до крај, што резултираше со ефект на рикошет бидејќи федералната влада ја искористила оваа одлука против мојот син, толкувајќи ја како признавање на вината“, рекла Џенис.
Кеси Вентура го обвини Диди за силување, трговија со луѓе и физичко насилство.