ТОЈ НЕ ЈА СИМНУВА НАСМЕВКАТА ОД ЛИЦЕТО, ТАА НЕ МУ ЈА ПУШТА РАКАТА Славниот пар повторно заедно (ФОТО)

Вчера топмоделот Ирина Шајк и актерот Бредли Купер изгледале како вљубен пар во текот на утринската прошетка низ Њујорк.

2,966

Две години откако раскинаа, родителите на малата Леа де Сена одвреме-навреме ги гледаме заедно, но никогаш не изгледале толку блиски.

Всушност, завчера топмоделот Ирина Шајк и актерот Бредли Купер изгледале како секој вљубен пар во текот на утринската прошетка низ Њујорк.






Поранешниот пар заедно се грижи за ќерката Леа, а еден за друг велат дека се како најдобри пријатели во животот, но нивните најнови фотографии сугерираат дека сепак, помеѓу нив повторно постои нешто повеќе!
Руската манекенка Ирина (34) завчера била забележана со поранешниот свршеник Бредли (46) во прошетка низ Њујорк, со кого ја има ќерката Леа (4).


Парот шетал разговарајќи, а додека лицето на Ирина било покриено со заштитна маска и очила за сонце, Бредли не успеал да ја скрие насмевката и одличното расположение, како и тоа колку ужива во друштво на неговата поранешна партнерка и мајка на неговото дете.

Ирина не ја пуштала неговата рака и цврсто го држела Бредли додека шетале.

 

Инаку, Бредли и Ирина заедно биле четири години, а ја добија ќерката Леа, но пред две години раскинаа и дадоа официјално соопштение дека повеќе не се заедно со молба до медиумите да ја почитуваат нивната приватност.

Ирина и Бредли беа свршени, но никогаш не застанаа пред матичар, а по раскинувањето го продолжија својот однос, како што велат, како пријатели.

„Никогаш не сум го разбрала поимот „ко-родителство“. Кога сум со ќерката, јас сум сто отсто нејзина мајка, кога е со татко ѝ тој е сто отсто нејзин татко. Кородителството е родителство“, објаснила Шајк по пишувањето на медиумите за родителскиот однос на поранешниот пар.

Ирина својот поранешен партнер го опишала како „неверојатен татко“, но не сакала премногу да зборува за него.

– Мојата претходна врска е нешто што ми припаѓа мене и тоа е приватно. Тоа е дел од моето внатрешно „јас“ кое не сакам да го споделам – истакнала манекенката.

По шпекулациите дека Ирина е во врска со раперот Канје Вест, кој во текот на пролетта и летото ги преплавија медиумите, се пишуваше дека на Бредли воопшто не му се допаднало тоа.

 

Поврзани содржини