„ТОЈ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ВО КИЕВ“ Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва

Според украинскиот претседател, предлогот на рускиот претседател Владинир Путин всушност има цел нивната средба да се одложи.

115

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на рускиот претседател Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ, повикувајќи се на интервју што Зеленски го даде за американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си Њуз.

– Тој може да дојде во Киев. Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракетни напади, под напади секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист – рече Зеленски.






Според него, предлогот на Путин всушност има цел нивната средба да се одложи.

Зеленски нагласи дека е подготвен за средба во која било форма. Според него, Путин „си игра со САД“.

– Ако некој не сака да се сретне за време на војна, секако, може да понуди нешто што не би било прифатливо за мене или за другите – истакна украинскиот претседател.

Путин неодама изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски, а Москва е најдоброто место за можна средба меѓу двајцата. Киев експресно го отфрли тој предлог.

ПУТИН ГИ ОТФРЛИ МОЖНОСТИТЕ ЗА МИР? Еве зошто е невозможен мировен договор со Украина

Поврзани содржини