ТОЈ ЌЕ ЖИВЕЕ СО НАС, СМРТТА Е НЕПРАВЕДНА Семејството на Синиша Михајловиќ со зборови кои најмногу болат се збогуваше од легендарниот фудбалер

Соопштението за неговата смрт го објави семејството на починатиот, со многу тешки и неутешливи зборови.

518

Легендарниот српски фудбалер, Синиша Михајловиќ, почина во 53-та година од животот по долга и тешка борба со леукемијата.

Соопштението за неговата смрт го објави семејството на починатиот, со многу тешки и неутешливи зборови.






Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Неговата сопруга Аријана и нивните деца Виктора, Вирџинија, Мирослав, Душан, Николас, нивната внука Виоланте, мајката на Виктора и нивниот брат Дражен, со тага ја објавуваат неправедната и прерана смрт на нивниот сопруг, татко, примерен син и брат Синиша Михајловиќ. Извонреден професионалец, секогаш достапен за секого и секогаш добар за секого. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри кои го следеа низ годините, со сета љубов и почит, особено на лекарите Франческа Бонифачи, Анотнио Курти, Алесандро Рамбалди и Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Ќе живее со нас кои го сакавме“.

Поврзани содржини