Тој е прогласен за најсекси ќелав маж на светот: Луѓето на интернет не се согласуваат!

1,412

Британскиот принц Вилијам е прогласен за најсекси ќелав маж на светот.

Но, луѓето на интернет го искажаа своето незадоволство за победникот.






Принцот Вилијам ја добил титулата според изборот на таблоидот „Сан“, кој се водел од следната логика во тоа истражување – тие анализирале написи и пребарувања на Гугл и ги барале оние што го содржеле клучниот збор „секси“.

На тој начин дошле до резултатот дека принцот Вилијам заедно со тој збор се појавува во 17,6 милиони такви написи. Истражувањето е иницирано од хируршката група наречена „Лонгевита“, која се занимава, донекаде иронично, со трансплантација на коса.

Покрај принцот Вилијам, во првите пет најсексапилни ќелави мажи во светот (точно по овој редослед) се нашле и Мајк Тајсон, Џејсон Статам, Питбул и Мајкл Џордан. Во топ 10 се и Флојд Мејведер, Џон Траволта, Брус Вилис, Двејн Џонсон и Вин Дизел.

Луѓето најмногу навивале таа титула да му биде доделена на актерот Стенли Тучи, ѕвездата на филмот „Ѓаволот носи Прада“.

Актерот Двејн Џонсон, познат по прекарот „Карпа“, ја коментираше титулата за најатрактивен ќелав маж на светот што ја доби принцот Вилијам.

„Како по ѓаволите се случи ова – крајот на живиот Лери Дејвид?!?“, се пошегува најплатениот актерот на светот, споделувајќи статија за тоа дека британскиот принц е прогласен за најсекси ќелав маж на светот според истражувањето на Гугл.

Поврзани содржини