📽️ „ТОЈ Е ОДЛИЧЕН СЕГА, НО ТАТКО МИ Е ИКОНА“ Одговорот на Кристијано Роналдо Јуниор за Јамал стана вирален

Младиот Роналдо со спокоен и аргументиран одговор на споредбата со Ламин Јамал: „Големината не се мери само со една сезона“.

841

Кристијано Роналдо Јуниор, синот на легендарниот португалски фудбалер, повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со својата реакција за време на гостување кај познатиот стример „2xRakai“. Откако стримерот изјави дека Ламин Јамал е подобар играч од Кристијано Роналдо, младиот Роналдо умешно и смирено возврати.

– Моментално? Можеби да. Но, Ламин сè уште ништо нема освоено – рече синот на Кристијано.






Овој одговор предизвика лавина позитивни реакции на социјалните мрежи, при што многумина го пофалија младиот Роналдо за тоа што покажал зрелост и објективност, без навредлив тон.

И покрај блескавата форма на Јамал – кој со само 18 години веќе стана европски шампион со Шпанија во 2024 и беше клучен за двојната круна на Барселона – Кристијано Јуниор смета дека вистинската величина на еден фудбалер се мери со континуиран успех и број на трофеи.

– Јамал е фантастичен и има блескав старт на кариерата, но татко ми е веќе икона. Треба време за да се зборува за вистински успех – додаде тој.

Изјавата на Роналдо Јуниор е уште една потврда дека младите спортисти и нивните семејства сè повеќе разбираат дека кариерата е маратон, не спринт.

 

Поврзани содржини