ТОЈ Е НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ЗА 2025 ГОДИНА Конкуренти му беа само Мбапе и Јамал

Во изборот учествуваа капитените на репрезентациите, селекторите, новинари и навивачи преку официјалниот сајт на ФИФ

103

Фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Усман Дембеле ја освои наградата „The Best“ за најдобар фудбалер на светот во 2025 година.

Дембеле имаше извонредна година. Со својата екипа ПСЖ триумфираше во Лигата на шампионите, француското првенство, францускиот куп и Супер купот на Франција. Главни конкуренти му беа Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и Ламин Јамал (Барселона). Признанието му го додели Џани Инфантино, претседателот на ФИФА.






Во женска конкуренција наградата ѝ припадна на Аитана Бонмати од Барселона.

Најдобар тренер кај мажите е Луис Енрике од ПСЖ, а кај жените е Сарина Вигман од Холандија, која ги предводеше фудбалерките на Англија до титулата европски првак.

Најдобар голман е Џанлуиџи Донарума, додека наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол му припадна на Сантијаго Монтиел.

Во изборот учествуваа капитените на репрезентациите, селекторите, новинари и навивачи преку официјалниот сајт на ФИФА.

Поврзани содржини