ТОЈ Е ЕДНА ОД НАЈХРАНЛИВИТЕ НАМИРНИЦИ НА СВЕТОТ Имаме рецепти за јадења со кељ

Една порција кељ задоволува повеќе од 100 проценти од дневните потреби за витамин Ц, повеќе од 200 проценти од потребите за витамин А и неверојатни 700 проценти од потребите за витамин К. Имаме и рецепти за неколку јадења со кељ

1,343

Кељот спаѓа меѓу најздравите намирници на светот. Тој ѝ припаѓа на групата зелјести растенија и е една од најсилните антиканцерогени билки за која се верува дека го намалува ризикот од рак на дојка, бешика, дебело црево, јајници и простата.

Исто така, кељот ја поттикнува природната детоксикација на организмот и е многу богат со антиоксиданти.






Кељот е една од најхранливите намирници на планетата

Кељот содржи моќен нутритивен состав. Само една порција обезбедува повеќе од 100 проценти од минималната дневна потреба од витамин Ц, кој е важен за имунитетот, како и повеќе од 200 проценти од минималната дневна потреба од витамин А. Оваа хранлива состојка исто така го поддржува имунитетот, како и кожата и здравјето на мозокот.

Покрај тоа, кељот содржи и помали количини на клучни минерали, вклучувајќи калиум, калциум, магнезиум, манган, железо, бакар и фосфор. Нуди и витамини од групата Б, важни за енергијата, и некои растителни омега-3 масни киселини, како и растителни протеини.

Повеќе за кељот, како и неколку рецепти со кељ, ќе најдете ТУКА.

Поврзани содржини