ТМУРНО, ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО, АМА ТОПЛО ВРЕМЕ Засилени врнежи во новата работна недела

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

738

Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од денеска следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час.

Минималните утрински температури ќе се движат од 0 степени во Берово до 6 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 19 Целзиусови степени во Скопје.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 12 до 19 степени.

Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 15 степени до 22 степени.

Променливо облачно, наместа со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер ќе имаме во првите два дена од новата работна недела.

Во понеделник минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 15 степени до 22 степени. Во вторник нѐ очекуваат минималните утрински температури ќе се движат од 4 степени до 10 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 20 степени.

За среда метеоролозите најавуваат дека времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, а на некои места врнежите ќе имаат пороен карактер. Локално, дождовите ќе бидат проследени со грмежи, што ќе создаде услови за нестабилно време во текот на денот. Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 10 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 15 степени до 21 степени.

Поврзани содржини