ТИТО БИЛ ГУРМАН, ПА МОРАЛ ДА ДРЖИ ДИЕТА Докторите му препишале само 1.600 калории дневно

Вкупниот дневен внес во диетата на Тито бил околу 1.605 калории, од кои калории од 101,3 грама протеини, 85 грама масти и 145 грама јаглехидрати.

111

Joсип Броз бил голем гурман и љубител на храна. Сепак кога претерувал неговите доктори му ја препорачувале оваа диета.

Појадок: Црно кафе (140 мл), слатка павлака (20 г), бел леб (20 г) и путер (5 г)






Ужина во 11:00: Пилешки желудник во супа (100 г), бел леб (20 г)

Ручек: Гратинирани телешки гради (120 г) со масло (5 мл), печени компири (50 г), вргањ со оцет (20 г), зелена салата (30 г) и црвена зелка (30 г) со масло (5 мл), црн леб (20 г)

Десерт: Кнедли од сливи – сливи (20 г), компири (20 г), брашно (5 г), шеќер (5 г), 1/4 јајце

Ужина во 16:00: Јогурт

Вечера: Говедска супа (150 мл) со варено јајце, раженчиња од пилешко бело месо (50 г) и сафалада (40 г), помфрит (20 г) со масло (5 мл), салата од кисела зелка (50 г) и кисели пиперки (50 г) со масло (5 мл), јаболко (100 г)

Ужина во 21:00: Сафалада (150 г)

Вкупен дневен внес (приближно):

Калории: 1.605 kcal
Протеини: 101,3 г
Масти: 85 г
Јаглехидрати: 145 г

Поврзани содржини