ТИТАН УСЈЕ ПОДЕЛИ НАД 2.000 САДНИЦИ Компанијата во Кисела Вода го одбележа Светскиот ден на животната средина
Акцијата се реализираше во соработка со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и еко инженеринг „Ханс – ЕМ“, со кој ТИТАН Усје неодамна потпиша меморандум за соработка. Претставници од факултетот исто така зедоа активно учество во настанот.
Во чест на Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни, компанијата ТИТАН Усје организираше голема волонтерска акција во општина Кисела Вода, при што беа поделени над 2000 садници со сезонско цвеќе. Настанот се одржа во двата парка – „Шопен“ и кај културниот дом „Билјана Беличанец“, каде жителите добија садници лично од менаџментот на компанијата и над 40 вработени.
Акцијата се реализираше во соработка со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и еко инженеринг „Ханс – ЕМ“, со кој ТИТАН Усје неодамна потпиша меморандум за соработка. Претставници од факултетот исто така зедоа активно учество во настанот.

„За нас, Светскиот ден на животната средина е повеќе од симболичен датум. Тој претставува можност за директен придонес во заедницата и потсетување дека одржливиот развој и грижата за природата се дел од нашата долгорочна посветеност. Горди сме што преку волонтерство и соработка со образовни институции, можеме да го направиме нашето опкружување поубаво“, изјавија од компанијата ТИТАН Усје.
Дополнително, дел од садниците ќе бидат засадени на посебна локација на територијата на општината, како трајно обележје на оваа акција.

Настанот е дел од низата активности со кои компанијата го одбележува значајниот јубилеј – 70 години од своето основање. ТИТАН Усје веќе има инвестирано 950.000 евра во проекти од општествен интерес, со посебен фокус на заштитата на животната средина, образованието и соработката со академската заедница.
Во рамките на тие активности, неодамна беше започнат и проектот „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, во кој за кратко време обука за 3Д печатење завршиле над 200 ученици од основните училишта во општина Кисела Вода.