„ТИТАН“ ГИ РАЗБРАНУВА ВОДИТЕ ОКОЛУ „ТИТАНИК“ Книга објавена 14 години пред катастрофата мистериозно ја предвидува судбината
Една од најголемите мистерии за потонувањето на бродот Титаник е книгата „Потонатиот Титан“ (The Wreck of the Titan) од Морган Робертсон во која е раскажана приказната за најголемиот патнички брод во светот, Титан, и како потонал откако удрил во санта мраз. Романот е објавен 14 години пред потонувањето на бродот.
Подморницата Титан со пет патници во неа, во неделата исчезна на пат до потонатиот брод Титаник. Повеќе бродови и авиони, вклучително и американската и канадската војска, четири дена се во потрага по исчезнатата подморница и во трка со времето бидејќи залихите со кислорот се ограничени. Според проценките, денеска истекуваат последните часови бидејќи залихите со кислород на подморницата се доволни само за четири дена.
Исчезнувањето на подморницата Титан, одново ги разбранува водите околу потонатиот брод Титаник кој лежи на дното на Атлантикот веќе 111 години и ги актуелизира мистериите и некои помалку познати факти поврзани со големата бродска трагедија.
- Една од најголемите мистерии покренува книгата „Потонатиот Титан“ (The Wreck of the Titan) од Морган Робертсон. Книгата ја раскажува приказната за најголемиот патнички брод во светот, Титан, и како потонал откако удрил во санта мраз. Романот е објавен 14 години пред потонувањето на Титаник.
- Титаник е дизајниран со репутација дека е брод што не може да потоне. Меѓутоа, судирот со санта мраз на првото патување на 15 април 1912 година покажала дека и тогаш најнапредната технологија не била имуна на катастрофа.
- Титаник имал само 20 чамци за спасување, иако можел да собере многу повеќе. Иако дизајнот на бродот првично вклучувал 48 чамци, 28 биле отпишани за да бидат палубите послободни. Подоцна се покажа дека тоа бил исклучително лош потег и лоша проценка која оневозможи мнопгу луѓе да бидат спасени.
- Недоволната обученост на персоналот на бродот придонела за фаталните последици. Персоналот на Титаник не бил целосно обучен за справување со итни ситуации. Недостигот на соодветна обука предизвикало хаос и тешкотии при евакуацијата и многу загубени животи.
- Една од случките „верувале или не“ е таа дека алкохолот бил спас за еден од патниците на потонатиот брод. Имено, пекарот Чарлс Џогин го преживеал потонувањето на бродот затоа што таа вечер испил многу алкохол и тоа му го стоплило телото. Затоа преживеал во ледената вода до зори кога бил спасен.
- Јапонецот Масабуми Хосоно го преживеал потонувањето на бродот, но луѓето го мразеле бидејќи избрал да преживее наместо да умре заедно со другите патници на бродот.
- Задоцнета реакција од само 30 секунди била фатална за Титаник. Бродот можел да ја избегне трагедијата доколку сантата мраз била забележана и пријавена кај капетанот само 30 секунди порано отколку што всушност била.
- Шест предупредувања кои можеле да ја спречат трагедијата, биле занемарени од екипажот на Титаник. Пред да удри во сантата мраз и да потоне во океанот, екипажот на Титаник точно шест пати бил предупреден токму на оваа опасност. Но, тие ги игнорирале предупредувањата.
- Екстремно студената вода и недоволната топлинска изолација ја направиле трагедијата уште поголема. Водата во Атлантскиот Океан таа ноќ била екстремно студена, а немањето доволно средства за греење или топлинска изолација во спасувачките чамци ја влошило состојбата на преживеаните.
- Потонатиот брод Титаник беше откриен во 1985 година, повеќе од 70 години по катастрофата, за време на воена мисија на американската војска. Бродот се скршил на половина и пропаднал на дното. Илјадници артефакти се извлечени од урнатините и се изложени во музеите ширум светот. Потонатиот брод и ден-денес е предизвик за истражувачите и за авантуристите. Во една таква авантура на потонатиот брод во неделата тргнаа и петмината патници на исчезнатата подморница Титан.