ТИПИЧНО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО ИМА 3 ЧЛЕНА Дали потрошувачката кошничка и натаму треба да се пресметува за 4 члена?
Професорот Трајко Славески во објава на социјалните мрежи го постави прашањето дали месечната потрошувачка кошничка треба да се пресметува за четиричлено или за тричлено семејство.
По изразените сомневања за пресметката на синдикалната минимална кошница и најавата дека ќе се пресметува државна потрошувачка кошничка се отворија повеќе прашања за тоа што треба да содржи таа и за колкучлено семејство треба да се пресметува.
Професорот Трајко Славески во објава на социјалните мрежи го постави прашањето дали месечната потрошувачка кошничка треба да се пресметува за четиричлено или за тричлено семејство.
Тој, повикувајќи се на статистичките податоци од пописот од 2021 година, наведува дека типичното семејство во земјава има 3 члена или 60% од семејствата се тричлени.
– Според пописот во земјава има 1.836.713 жители кои живеат во вкупно 598.713 домаќинства. Просечен број на членови во едно домаќинство е 3 (три). Вкупен број на домаќинства со еден, два и три члена се 359.684, 60% од домаќинствата во Македонија се со максимум три члена. Број на домаќинства со 4 члена е 117.084 или околу 20% од вкупното. Останатите околу 20% од вкупниот број домаќинства се со 5 и повеќе членови. Зошто вредноста на месечната потрошувачка кошничка ја пресметуваме за четиричлено, а не за тричлено семејство? – прашува Славески.