ТИНЕЈЏЕРИ УКРАЛЕ АВТОМОБИЛ И СО ДЕНОВИ СИ СЕ ВОЗЕЛЕ „Хондата“ од Скопје најдена во Тетово
Како што соопшти денеска МВР, двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје.
Тетовската полиција вчера околу 11:30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово уапси двајца малолетници од Тетово, кои се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале.
Како што соопшти денеска МВР, двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.