Тинејџери се заразиле од коронавирус, лекарите истражуваат со кого се дружеле
Четири нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Кавадарци, на возраст од 16 до 31 година. Станува збор за две лица од женски и две од машки пол, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Заболените се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Двајца од нив имале контакт со заболени. Се истражуваат нивните контакти за да се спроведе мерката изолација.