ТИНЕЈЏЕРИ СЕ ТЕПАЛЕ СО НОЖЕВИ, ЕДЕН СЕРИОЗНО ПОВРЕДЕН Крвава пресметка во Битола

На 25.3.2025 година во 20.40 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди и во бессознание бил донесен А.М.(18) од Битола, кој потоа, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти полицијата.

339

Двајца тинејџери синоќа се пресметале со ножеви во Битола. Во тепачката еден од нив е сериозно повреден и е префрлен во Скопе, а другиот се лекува во болницата воБитола.

„На 25.3.2025 година во 20.40 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди и во бессознание бил донесен А.М.(18) од Битола, кој потоа, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полициски службеници од СВР Битола преземале мерки и било дојдено до сознание дека тој се здобил со повредите при пресметка со В.И.(18) од Битола, кој, исто така, бил пренесен во Клиничка болница Битола со повреди од остар предмет“, соопшти полицијата.






Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани содржини