Тинејџери напаѓаат родители во период на забрана на движење поради коронавирусот

Новиот вид семејно насилство е во пораст, според извештаите.

552

Зголемените тензии во домовите натераа деца да ги напаѓаат своите родители за време на забраната за движење поради коронавирусот во Велика Британија, предупреди Вера Берд од повереник за жртви за Англија и Велс.

Таа рече дека новиот вид семејно насилство е во пораст, според извештаите.






– Постојат некои индиции дека постарите деца ги злоупотребуваат родителите, што веројатно сугерира дека децата сакаат излезат и дека тоа не им е дозволено – изјави таа пред Парламентот, пренесе Би-Би-Си.

Таа додаде дека станува збор за тинејџери и нагласи дека таа појава е загрижувачка.

Поврзани содржини