ТИНЕЈЏЕР ЗАТРУЕН СО ЈАГЛЕРОД МОНОКСИД ВО ГОСТИВАР Спиел во подрумот кога таткото го вклучил котелот

203

Седумнаесетгодишно момче е затруено од јаглерод моноксид во Гостивар, соопшти полицијата.

Како што наведува полицијата, на 27.01.2026 во 11:45 часот, од Итната медицинска помош во Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар е донесен 17-годишник од селото Добридол во безсознание, како последица од труење со јаглероден моноксид.






– По извршениот увид било утврдено дека малолетникот спиел во подрумска просторија, каде имало котел на пелети, а откако неговиот татко го вклучил котелот, просторијата се исполнила со чад – информираат од СВР Тетово.

 

 

Поврзани содржини