🎥 ТИНЕЈЏЕР УПАДНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ИЗМИР И УБИ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ Граѓани од околните згради го совладаа

Откако отворил оган, тој се обидел да избега, но граѓаните набрзо го совладале. Прво бил погоден, а потоа еден минувач го удрил со стол, што им помогнало да го соборат.

362

Во Измир, Турција, утрово се случи вооружен напад врз полициската станица, во кој се убиени двајца полицајци, а други двајца се ранети.

Инцидентот се случил во населбата Балкова околу 8.30 часот наутро, кога шеснаесетгодишен ученик од трето одделение во средно училиште, Ерен Бигул, дошол пред станицата Салих Ишгорен вооружен со пушка и пукал, јавува турскиот портал НТВ.






Откако отворил оган, тој се обидел да избега, но граѓаните набрзо го совладале. Прво бил погоден, а потоа еден минувач го удрил со стол, што им помогнало да го соборат.

Видеото од апсењето брзо се прошири на социјалните мрежи.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека напаѓачот е приведен, додека министерот за правда Јилмаз Тунч објави дека државното обвинителство на Измир започнало детална истрага.

Мотивот за нападот сè уште не е познат,иако напаѓашот цело време додека трае пресметката извикува „Алах акбар“ (Господ е глем). Јавноста е особено шокирана од фактот дека станува збор за малолетник кој го донел оружјето од својот дом.

Поврзани содржини