ТИНЕЈЏЕР СИ ГИ УБИЛ СЕСТРИТЕ Верувал дека склучил пакт со ѓаволот

Тој ја избодел Смалман 28 пати, а Хенри осум, а потоа избегал од местото на злосторството.

496

Тинејџер од Британија, кој си ги убил двете сестри, бидејќи верувал дека склучил пакт со ѓавол, вчера беше осуден на најмалку 35 години затвор.

Истражителите пронашле рачно напишан „договор“ со „моќниот крал Лусифуџ Рофокале“ во домот на Даниел Хусеин (19), во кој тој ветил дека ќе жртвува повеќе жени во замена за голема добивка на лотарија. Хусеин се потпишал со својата крв, пишува „Скај њуз“.






Момчето потоа ги избодел сестрите Бибау Хенри и Никол Смалман во јуни 2020 година додека танцувале сами во паркот доцна во ноќта. Тој ја избодел Смалман 28 пати, а Хенри осум, а потоа избегал од местото на злосторството. Во текот на нападот се пресекол и бил уапсен од полицијата врз основа на снимките од надзорот и доказите од ДНК.

Хусеин пораснал во Лондон и имал проблематично детство. Наставниците, кога имал 15 години, откриле дека тој ја пребарувал содржината на екстремно десничарската пропаганда на училишните компјутери и го упатиле на владина програма за борба против екстремизмот.

По убиствата, полицијата открила дека тој на подоцнежна возраст пребарувал и сатанистички форуми на интернет и десничарска идеологија.

Хусеин во „договорот со демонот“ ветил дека „ќе прави најмалку шест жртви на секои шест месеци“ и дека „ќе жртвува само жени“. За возврат, тој ја побарал главната премија во лотаријата Mega Millions Super Jackpot. За 10 дена по убиствата, Хусеин потрошил 160 фунти на лотарија.

Поврзани содржини