ТИНЕЈЏЕР ПОВРЕДЕН ОД РИКОШЕТИРАН КУРШУМ Семејната веселба во Кичевско заврши лошо

При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16-годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево.

85

Тинејџер е повреден од испукан куршум на семејна веселба што се случила ноќеска во Кичевско, соопшти полицијата.

Ноќеска (22.07.2025) во 02.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.






При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16-годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево.

По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Поврзани содржини