ТИНЕЈЏЕР ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО ВО ОБИД, УПОТРЕБИЛ ДРВЕН ПРЕДМЕТ Шестмината со кои се степал исто така заработија пријави
На 16.08.2025, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди, се вели во полицискиот билтен.
Тинејџер 18-годишник се соочува со пријава за „убиство во обид“, додека шестмината со кои се степал се осомничени за „учество во тепачка“, јави Министерството за внатрешни работи.
„На 16.08.2025, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди“.
Како што информираат од СВР Скопје, кривична пријава добил С.Д.(18) од Скопје, додека против А.А.(19) и С.Д.(34) била поднесена пријава за „тешка телесна повреда“. Осомничени за „учество во тепачка“ се и Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје.