„Утрово во 04 часот во полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Италија. Полициски службеници од СВР Охрид во стан на улица Партизанска во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, ја пронашле П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид“, се наведува во полицискиот билтен.

За настанот е запознат јавен обвинител, а судија на претходна постапка на двајцата приведени им  одредила мерка во траење од по осум дена