ТИНЕЈЏЕР ОД КАВАДАРЦИ ДОБИ ПРИЈАВА ЗА ВОНБРАЧЕН ЖИВОТ СО ДЕТЕ Се договорил со малолетничката и ја зел со возило од струшко село

Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци и малолетничката е вратена во нејзиниот дом, соопшти полицијата.

262

Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против М.С. (19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Вонбрачен живот со дете, по член 197 од Кривичниот законик.

„На 2.9.2025 година, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци. Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци и малолетничката е вратена во нејзиниот дом“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини