ТИНЕЈЏЕР ИСПРАЌАЛ ПОРАКИ ДО УЧИЛИШТА ВО ТЕТОВО ДЕКА СЕ ПОСТАВЕНИ БОМБИ Полицијата го уапси и му подготвува кривична пријава

Со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом во селото, при што се одземени повеќе електронски уреди. соопшти полицијата.

0

Уапсен е тинејџер од тетовско, осомничен дека во повеќе училишта во Тетово испраќал дојави за поставени бомби.

„На 27.02.2026 во 09:10 часот во селото Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби се лажни“, соопшти полицијата.






Денеска, се додава во соопштението, со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом во селото, при што се одземени повеќе електронски уреди.

„Лицето е приведено во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.

 

 

Поврзани содржини