ТИНЕЈЏЕР ГО ЗАСИЛИ МЗТ Првакот на Македонија го ангажираше 15-годишниот Величковски

„Величковски е кадетски репрезентативец на Македонија, од кого се очекува многу ако продолжи да работи напорно и посветено како досега“, соопшти актуелниот првак. 

636

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со заложбите да им даде шанса на талентираните кошаркари, кои треба да бидат светла иднина на актуелниот македонски шампион, откако денеска го официјализираше договорот за стипендирање со 15-годишниот Бојан Величковски.

Талентираниот Величковски, кој потпиша тригодишен стипендиски договор, летово веќе дебитираше за сениорскиот тим на МЗТ Скопје на пријателскиот турнир во Лесковац.






„Величковски е кадетски репрезентативец на Македонија, од кого се очекува многу ако продолжи да работи напорно и посветено како досега“, соопшти актуелниот првак.

Поврзани содржини