ТИНЕЈЏЕР ГО НАПАДНАЛ СВОЈОТ ТАТКО Му го скршил стаклото на возилото, па го истепал

Инцидентот се случил на 27 мај годинава, кога младото момче со тврд предмет го скршило стаклото на автомобилот на својот 59-годишен татко, а потоа го нападнало и физички го повредил.

2,056

Во едно шокантно семејно насилство, 18-годишен тинејџер од Тетово е обвинет за напад врз сопствениот татко. Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Д.И. поради сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.

Инцидентот се случил на 27 мај годинава, кога младото момче со тврд предмет го скршило стаклото на автомобилот на својот 59-годишен татко, а потоа го нападнало и физички го повредил.






Овој случај предизвика голема вознемиреност во јавноста и укажува на сериозноста на проблемот со семејното насилство, особено во младите генерации.

Поврзани содржини