ТИМОТИ БАСФИЛД ИСЧЕЗНА ОТКАКО ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА Три дена по издавање на налог за апсење, масовна потрага по актерот
Актерот се сомничи за незаконски сексуални дејствија врз единаесетгодишни близнаци кои биле детски актери и го запознале Басфилд за време на снимањето на серијата на FOX „The Cleaning Lady“, каде што тој работел како режисер.
Американската служба на маршали се приклучи кон потрагата по актерот и ТВ-режисер Тимоти Басфилд, откако Полициската управа на Албукерке (APD) издаде налог за негово апсење поради сериозни обвиненија за сексуална злоупотреба на деца, пишува „Пипл“.
Локалната полиција соработува со американските маршали со цел да го пронајдат и уапсат Басфилд, чија моментална локација е непозната.
Според налогот за апсење, Басфилд се сомничи за незаконски сексуални дејствија врз единаесетгодишни близнаци. Едно од децата ѝ открило на полицијата дека наводните злоупотреби започнале кога имал само седум години. Идентитетите на децата не се објавени заради нивна заштита.
Истрагата против Басфилд започнала во ноември 2024 година, откако лекар од Универзитетската болница во Ново Мексико (UNMH) ја известил полицијата за сомнеж за сексуално злоставување. Родителите навеле дека нивните синови биле детски актери и дека го запознале Басфилд за време на снимањето на серијата на FOX „The Cleaning Lady“, каде што тој работел како режисер. Серијата се емитувала од јануари 2022 до јуни 2025 година.
Во текот на истрагата, Басфилд изјавил дека родителите биле незадоволни бидејќи нивните синови биле заменети со помлад актер во серијата. Кратко потоа, тој добил повик од „Ворнер брос“ (Warner Bros), од каде што бил информиран дека компанијата спроведува внатрешна истрага поради поднесени поплаки.
Интересно е што неколку недели пред да биде издаден налогот за апсење, Гилберт на социјалните мрежи зборувала за темата на сексуално злоставување деца, споделувајќи лично искуство од младоста. Притоа, таа не упатила обвинувања кон конкретни лица.