Тимот на Ѓикиќ ја откри најслабата точка на коронавирусот – ќе биде ли таа клучна за пронаоѓање лек за чумата?
Тим научници предводени од светски познатиот молекуларен биолог Иван Ѓикиќ дојдоа до значајно научно откритие кое може да помогне во откривањето специфичен лек за коронавирусот.
Станува збор за ензимот PLpro, кој го овозможува размножувањето на вирусот и го сузбива создавањето на интерферонот тип 1, со што ја слабее имунитетната одбрана на организмот. Тимот на Ѓикиќ го идентификувал ензимот PLpro како слаба точка на вирусот. Инхибирањето на тој ензим го спречува ширењето на вирусот и го засилува антивирусниот имунитет.
– Користевме нековалентен инхибитор на ензимот PLpro (GRL-0617) и многу детално го опишавме начинот на неговото делување. Заклучивме дека инхибирањето на ензимот PLpro е мошне ветувачка двојна стратегија во сузбивањето на ковид-19. Натамошниот развој на терапевтските супстанци кои го инхибираат ензимот PLpro се клучен предизвик во клиничкото лечење на ковид-19 – вели професорот Ѓикиќ.
Повеќе за ова во истражувањето што го објави списанието Nature.