Тим од 8.500 полицајци трага по околу 11.000 луѓе кои денсале со заразен во Сеул

Потрагата по нови заболени од овој кластер е голем предизвик за Јужна Кореја каде се следи правилото „следи, влези го трага и тестирај“ кое досега се покажа како успешно.

381

Сто и едно лице се позитивни на ковид-19 откако заразен човек шетал во неколку ноќни клубови во Сеул, Јужна Кореја, пишува Би-би-си.

Потрагата по нови заболени од овој кластер е голем предизвик за Јужна Кореја каде се следи правилото „следи, влези го трага и тестирај“ кое досега се покажа како успешно.






Сите посетители на клубовите биле замолени да ги напишат своите имиња и контакти при влезот. Тоа било едно од упатствата при повторното отворање на клубовите од 19 април, покрај носењето маски и средство за дезинфекција за раце. Некои од имињата и контактите оставени вред влезовите во клубовите биле лажни што ја отежнува истрагата на властите.

Дел од клубовите се раководени од ЛГБТ заедницата, која во Јужна Кореја се соочува со дневна дискриминација.

Тим од 8.500 полицајци трага по околу 11.000 луѓе кои биле во клубовите за време на спорниот викенд. Се праќаат пораки со кои се повикуваат граѓаните и странците кои биле во спорната област да се тестираат бесплатно. Досега се пријавиле околу 7.000 лица

Поврзани содржини