ТИМ 40, НОВА АСОЦИЈАЦИЈА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА Жарко Димитриоски избран за претседател

Според правилата за работа на ТИМ 40, членови можат да бидат сите деловни субјекти кои имаат сопственици, управители или менаџери на високи позиции од околу 40 годишна возраст, и кои имаат интерес да членуваат во Асоцијацијата поради унапредување на нивното стопанско работење.

506

На иницијатива на група компании формирана е ТИМ 40, нова Асоцијација во рамки на најмоќниот бизнис колектив, Стопанската комора. Целите и задачите на ТИМ 40 ќе бидат насочени кон обединување на младите претприемачи, во насока на изнаоѓање решенија следејќи ги новите трендови и практики во услови во кои функционираат помладите генерации со различна перспектива на гледање на работите, со потенцијал да внесат свежина и нови трендови на менаџирање и делување.

На Конститутивната седница за претседател со мандат од 4 години беше избран Жарко Димитриоски од маркетинг агенцијата „Еден на еден“, кој вели дека иако се обединуваат компании од слични и различни економски сектори, сите ги поврзува потребата за заедничка соработка во насока на изнаоѓање решенија и следење на успешни практики.






– Привилегија и чест ми е што ја добив довербата од компании-лидери во своите индустрии како „Директ Медиа“, „Вертиго“, „ИВМ Нетворк“, „Фригоколд“, „Тиго“, „Кликни Јади“ и „Точка“. Имаме силна поддршка од комората и нејзините истакнати членки, а ќе се трудиме да дадеме и придонес во развојот и промоцијата на претприемачкиот дух, како еден од клучните двигатели за иден развој на земјата – додава Димитриоски, на јавноста познат по својата долгогодишна медиумска кариера, а во бизнис круговите и по претходни признанија како изборот за Претприемач на годината во нашата држава и за член во престижната Forbes 30 Under 30 Europe листа.

Поддршката на оваа форма на организирање на компаниите во Комората е во насока на политиката на најстарата и најмоќна бизнис асоцијација за поттик, афирмирање и приклучување на помладите генерации, кои со својата иновативност и креативност имаат потенцијал да внесат свежина и нови трендови на менаџирање и делување.

Според правилата за работа на ТИМ 40, членови можат да бидат сите деловни субјекти кои имаат сопственици, управители или менаџери на високи позиции од околу 40 годишна возраст, и кои имаат интерес да членуваат во Асоцијацијата поради унапредување на нивното стопанско работење.

 

Поврзани содржини