ТИКТОК ЛЕКАРОТ Е ВО ПРИТВОР Тетовскиот анестезиолог го прекрши човечкото достоинство, можно е одземање на лиценцата
В.Д. 43-годишнен лекар – анестезиолог од тетовското село Одри на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Министерот Фатмир Меџити побара одземање на лиценцата за работа, а случајот го пријави директорот на тетовската болница.
Лекарската комора преку соопштение најостро го осудува инцидентот кој се случи во болницата во Тетово во кој видео снимка од пациенти се објави на социјалните медиуми.
„Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки. Со Кодексот за медицинска деонтологија лекарите се обврзуваат дека професија ќе ја вршат совесно и одговорно, дека ќе го почитуваат човековото достоинство и правата на болните и ќе ја чуваат нивната доверба. Лекарската комора како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја продолжува да работи на заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на докторите на медицина, но со критички однос кон сите оние кои го рушат достоинството, угледот и интегритетот на професијата, како дејност од посебен општествен интерес. Лекарската комора нема да дозволи ваквите изолирани инциденти да бидат на товар на сите лекари кои професионално и одговорно секојдневно постапуваат и лекуваат пациенти“, наведува Лекарската Комора.
В.Д. 43-годишнен лекар – анестезиолог од тетовското село Одри на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Министерот Фатмир Меџити побара одземање на лиценцата за работа, а случајот го пријави директорот на тетовската болница.