ТИК-ТАК ЗА ШИЛЕГОВ Петре покажи документи или следува кривична

Покажи ги документите инаку следи кривична која нема да може Заев да ја крие во фиока. Многу скоро ќе нема Луј Витон судство и обвинителство кое ќе ја штити мафијата на власт - стои во соопштението.

904

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов имаше рок од 24 часа, кој полека истекува, за да покаже дозвола, платени комуналии или каков било документ за семејната зграда, во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава, се вели во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Но Шилегов одбра да молчи и да се крие. Бега од одговори затоа што е кабает. Тој има изградено два ката повеќе од дозволеното и сега од петни жили се обидува да го заташка овој скандал, мислејќи дека така ќе се спаси од одговорност. Но се лаже, фатен е жив. Шилегов беше избран и платен од граѓаните да го штити градот од урбанистичко дивеење, но тој избра да премине на страната на урбаната мафија. Тоа е исто како шумар да стане дрвокрадец – велат од партијата.






Оттаму му порачуваат дека му останува уште малку време.

– Покажи ги документите инаку следи кривична која нема да може Заев да ја крие во фиока. Многу скоро ќе нема Луј Витон судство и обвинителство кое ќе ја штити мафијата на власт – стои во соопштението.

Поврзани содржини