ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

На апликацијата „Мое здравје“ можат да вршат увид на прегледите и здравственото осигурување. Доколку увидат некои упати за здравствени услуги, што тие не ги користеле, да поднесат пријава до Фондот за здравствено осигурување.

465

Постојано повикуваме граѓаните да си ги контролираат здравствените сметки. На апликацијата „Мое здравје“ можат да вршат увид на прегледите и здравственото осигурување. Доколку увидат некои упати за здравствени услуги, што тие не ги користеле, да поднесат пријава до Фондот за здравствено осигурување. Ние постапуваме по сите предмети, вршиме проверки и такви случаи има редовно.

Вака денеска одговори на новинарско прашање, директорот на Фондот, Сашо Клековски, во однос на случајот со злоупотребата на лични податоци, при преглед на Пластична хирургија, преку апликацијата „Мое здравје“, при што граѓанка реагирала дека на име на нејзиниот татко, друг граѓанин се прегледал и оперирал, па тоа што било отстрането, било пратено на Патологија.






– Овде станува збор за измама на Фондот за здравствено осигурување, бидејќи претпоставувам дека е третиран пациент, кој немал здравствено осигурување. Инаку не би имало потреба да се користи туѓо име за здравствен третман – појасни тој.

Клековски додаде дека и самиот Фонд работи на тоа да има поголема контрола на системот за упати, а граѓаните да бидат известувани преку СМС-пораки, за да се намалат злоупотребите.

Поврзани содржини