ТИЕ ШТО ЛАНИ ПЛАЌАЛЕ 3.000 ДЕНАРИ ЗА СТРУЈА, СЕГА ПЛАЌААТ 4.500 ДЕНАРИ Опозицијата го вперува прстот кон премиерот Ковачевски
Откако Ковачевски е премиер, цената на струјата за домаќинствата се зголеми и за речиси 50%, нашите сограѓани кои лани плаќале во просек 3.000 денари за струја месечно сега плаќаат минимум 4.500 денари, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Со Ковачевски народот плаќа 50% поскапа струја, а фирмите и до 400% повеќе во однос на лани, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Откако Ковачевски е премиер, цената на струјата за домаќинствата се зголеми и за речиси 50%, нашите сограѓани кои лани плаќале во просек 3.000 денари за струја месечно сега плаќаат минимум 4.500 денари. Загрозени покрај граѓаните се и бизнисите. Цената на струјата за фирмите со Ковачевски на власт е зголемена и за 400%. Со антимакедонската СДС и народот и фирмите се донесени на раб на опстанок. Потребни се итни мерки кои ќе значат помош за домаќинствата и фирмите. Со антимакедонската СДС тоа се покажа како невозможно, затоа решение се предвремени парламентарни избори час поскоро“, наведено е во партиското соопштение.