📽️ ТИЕ СЕ СЕРИОЗНИ И НИЕ СМЕ СЕРИОЗНИ Лавров и Ушаков стапнаа во Саудиска Арабија

Почекајте до утре. Има сериозни луѓе. И ние дојдовме со сериозни намери, рече помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков на новинарско прашање дали има шанси да се намалат тензиите меѓу Вашингтон и Москва.

1,729

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков пристигнаа во Саудиска Арабија, каде ќе се водат руско-американски преговори. Владин авион слета на аеродромот во Ријад. Руската делегација пристигна во Саудиска Арабија само заради билатерални контакти со американските колеги, нема да има трилатерални преговори во Ријад, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков по слетувањето.

– Дојдовме да преговараме со нашите американски колеги. Тоа се билатерални преговори, чисто билатерални. Во Ријад не може да има трилатерални преговори – изјави Ушаков за новинарите, коментирајќи ја информацијата дека покрај руската и американската делегација, во Саудиска Арабија веќе е и украинска делегација.






На новинарско прашање на телевизијата „Русија 24“ дали има шанси по преговорите да се намалат тензиите во односите меѓу двете земји, Ушаков рече дека треба да ги почекаме самите преговори.

– Почекајте до утре. Има сериозни луѓе. И ние дојдовме со сериозни намери – рече тој.

 

Средбата на руската и американската делегација се очекува да се одржи во вторник во главниот град на Саудиска Арабија. Лавров и Ушаков, кои со американските колеги ќе разговараат за обновување на целиот спектар на билатерални односи, како и за подготовките за средба меѓу лидерите на двете земји и можните преговори за Украина.

Според Си-Ен-Ен, американската делегација во Ријад ја сочинуваат државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник на американскиот лидер за Блискиот Исток, Стивен Виткоф.

 

Поврзани содржини