ТИЕ СЕ ОДЛИЧНИ ГОТВАЧКИ И ОТВАРААТ РЕСТОРАНИ НА 80 И КУСУР Запознајте ги бабичките за кои годините се навистина само бројка
Покрај тоа што суверено владеат со кујните, овие бабички во Њујорк отвараат ресторани, споделуваат рецепти и градат заедница околу чинија добра храна.
Ако прашате кој било готвач или слаткар што го одбележало и како ја започнал својата кариера, големи се шансите да ви каже дека во тоа замешала прсти силна женска личност, најчесто баба, нана или нона, сеедно како и да ја викаат.
Што и да мислите за овие изјави, факт е дека омилената активност на многумина беше плеткањето околу нозете на баба, игрите со брашно и тесто и гледањето што се случува во тенџерето.
Топлината во кујната на баба можеби изгледа како клише што предизвикува носталгија кај нас, но токму ова е главниот адут на два многу посебни ресторани во Њујорк.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.