ТИЕ СЕ ИСПЛАШЕНИ ОД ПОРАЗ Според Мисајловски јасно е зошто власта не сака избори

ДУИ и СДСМ велат дека се многу способни и јаки, тогаш бујрум на избори, но народот знае добро што се случува во општеството, на последните локални избори кажа за кого е, односно викна дека е за промена во Македонија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

640

Вечерва во гостување во Дневникот во Сител ТВ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, истакна дека негирањето на СДСМ и ДУИ дека сега избори не се потребни, значи само дека се исплашени од пораз и ќе се обидат во „нова влада“ со стари кадри да ги покријат сите глупости направени до сега, и да ги задржат позициите.

– ДУИ и СДСМ велат дека се многу способни и јаки, тогаш бујрум на избори, но народот знае добро што се случува во општеството, на последните локални избори кажа за кого е, односно викна дека е за промена во Македонија, сега власта сака со некаков спин да направи нова влада, но нова влада не може да се направи со истите кадри или со истите луѓе кои ќе контролираат од позади, не може да промовирате нова влада дека ќе прави ДУИ кога е цел живот во сите институции во Македонија – вели Мисајловски.






Тој појасни дека од тие причини ВМРО-ДПМНЕ вели дека парламентарни избори се потребни.

– Затоа ВМРО-ДПМНЕ вели ајде ако сте подготвени да одиме на избори, а многу често во медиумите, особено во албанските медиуми се пишува дека ВМРО-ДПМНЕ е против некој етникум, но ние на овие избори добивме гласови од сите етникуми со нова стратегија „Македонија за сите луѓе“ со здружена опозиција победивме речиси насекаде – вели Мисајловски.

Мисајловски вели дека ДУИ четири години вергла како тема за Албанец премиер, затоа што нема никаков капитален проект направено и негирањето дека избори сега не смее да има, значи дека сите тие се уплашени да излезат пред граѓаните.

– Јас вчера ги погледнав последните мерења и анкетите, ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат избори ќе има предност во пратеници од било која партија во Македонија, опозицијата здружена ќе победи на следните избори кога и да се случат, затоа власта бега од избори, и сета оваа магла со давањето политичка пензија на Зоран Заев за задржување на позициите од власта, и да сокријат се што правеле до сега, со навидум нова влада, со истите луѓе – критикуваше Мисајловски.

Потпретседателот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ со новиот општествен договор започнува со едни нови политики затоа што е различна и модерна европска партија, каде секој што сака да биде дел од тоа треба да биде квалитетен и чесен човек, а други поделби и бариери не не интересираат.

– Започнуваме со едни нови политики, со еден општествен договор каде што секој може да се пронајде, започнавме со Македонија за сите луѓе за да ни приближат различни целни групи, бидејќи сакаме да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е навистина една модерна и европска партија каде секој  може да си го најде местото, и тој што сака да биде дел од нас, треба да биде само квалитетен и чесен човек, други бариери и поделби не не интересираат – рече Мисајловски.

Мисалјовски вели дека на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката и мора да продолжи да креира нови политики, да се покаже дека партијата е поразлична од останатите и дека научила од грешките во минатото.

– Народот е веќе уморен од се што се случува и сака промени во државата, ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата историска победа од рамки на опозиција и тоа е наша обврска и работа пред граѓаните, а многу труд е вложен за да овој резултат се случи, а ние ги побивме сите анти-ВМРО тези кои ги покажаа партиите од власта во кампањата на локалните избори, пробаа да го направат ВМРО нешто што не е, докажавме дека е спротивното – појасни Мисајловски.

Мисајловски дополни дека кога и да се случат следните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи затоа што граѓаните сакаат промена, а новите политики и работа кои партијата ги нуди се за сите граѓани.

Поврзани содржини