ТИЕ САМО ГИ РОТИРААТ СИЛИТЕ Зеленски вели дека не гледа повлекување на руските трупи

Ние не се плашиме од прогнози, не се плашиме од никого, од какви било непријатели. Ќе се браниме, нагласи Зеленски на настан организиран од армијата во источниот пристаништен град Мариупол.

508

Украинскиот лидер Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел докази за повлекување на руските војници од границите на неговата земја. Тој нагласи дека Москва едноставно ротира сили.

– Гледаме мали ротации. Јас не би ги нарекол тие ротации повлекување на силите од страна на Русија. Не можеме тоа да го тврдиме – изјави Зеленски.






Тој додаде дека „не гледаат никакви промени“.

Претседателот на Украина го искористи обраќањето за „Денот на единството“ и истакна дека Украина не стравува од евентуална руска инвазија, ветувајќи дека неговата земја ќе возврати.

– Ние не се плашиме од прогнози, не се плашиме од никого, од какви било непријатели. Ќе се браниме, нагласи Зеленски на настан организиран од армијата во источниот пристаништен град Мариупол.

Поврзани содржини