ТИЕ НЕ МОЖАТ ДА КУПАТ ТОЛКУ ГЛАСОВИ КОЛКУ ШТО НАРОДОТ МОЖЕ ДА ИМ ЈА ЗАПЕЧАТИ СУДБИНАТА Мицкоски од Кичево повика на битка на народот против бандитизмот

Прекипено му е на народот од оваа власт и овие локални избори се можност со вашата одлука и избор зад параванот да започнете да ги менувате работите.  Одлучено е, а народот е решен дека сака промени на оваа корумпирана власт која не исполни ништо од тоа што вети, рече Мицкоски.

835

Оваа наша борба мора да биде заедничка, ова не е борба само на Македонците, или само на Албанците, ова е борба на народот против корумпираната власт. Против бандитите кои направија пакт со политичарите од власта. Токму затоа ова е битка на народот против бандитизмот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски од митингот во Кичево.

– За народот, на власта и текнува пред избори, и нивните гласови смета дека ги има во џеб исто како и гласовите на дел од Македонците, и така смета дека ги има гласовте и на сите останати. Кога ќе се завртите и ќе погледнете, ќе видите дека буквално никој во Македонија  не им верува. Тие мислат дека  не им треба ниту програма, ниту план, туку едноставно ќе излезат на избори ќе се заканат, ќе уценат, ќе ги злоупотребат инстутициите, тука најмногу полицијата која е директно под чизмата на слуга на Заев, на Оливер Спсасовски, ќе поделат малку од украденото и работата е завршена – рече Мицкоски.






Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека власта ги изневерила сите очекувања на граѓаните, не се реализирани ветувањата и немаат допир со реалноста во каква апатија се наоѓаат граѓаните, затоа потенцираше дека ова се избори кога ќе се стави крај на пакостите и кочењата на власта и народот ќе се избори за подобра иднина.

– Прекипено му е на народот од оваа власт и овие локални избори се можност со вашата одлука и избор зад параванот да започнете да ги менувате работите.  Одлучено е, а народот е решен дека сака промени на оваа корумпирана власт која не исполни ништо од тоа што вети. И затоа она што ѝ преостана на власта е преку ситни итроманства, пакости и кочења да гледа да го намали поразот – изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека најдобриот начин да се спротивставиме на сето ова е да има масовна излезност и дека доколку тоа се случи, власта е немоќна.

– Тие не може да купат толку гласови колку што народот може да излезе и да им ја запечати судбината зад параванот. Не наседнувајте ниту на оние странични пораки кои ги пуштаат преку нивните платени мегафони дека сите сме исти, кога не сме. Таа теза е измислена само за да на Власта ѝ се продолжи рокот на траење уште некој месец и на тој начин да продолжи да ја опустошува нашата земја. Не сме сите исти, затоа што ние веруваме во слободномислечкиот народ  и ја слушаме и гледаме маката на луѓето, на работниците, невработените, на тутунарите, на земјоделците. Таа мака покажува колку е нечовечка оваа власт и ги руши сите надежи дека научеле некаква лекција по 52 месеци во кожни фотелји на власт – рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека на 17 октомври народот ќе и одржи лекција на власта која излегува со истите лаги и ветувања и која на народот му ја одзема заедничката иднина.

 

Поврзани содржини