ТИЕ ЧЕТВОРИЦА ЌЕ НЀ ПРЕТСТАВУВААТ НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПСКИ ИГРИ Македонија ќе учествува во 4 дисциплини

58

Македонскиот олимписки комитет (МОК) го објави тимот кој ќе нѐ претставува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ди Ампецо. Македонија на овие Олимписки игри што ќе се одржат од 6 до 20 февруари 2026 година ќе ја претставуваат четворица спортисти, двајца во нордиските и двајца во алпските дисциплини.

Честа да ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во нордиските дисциплини ќе ја имаат: Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт на 10 километри и Ставре Јада – Спринт и Интервал старт на 10 километри.






Во алпските дисциплини честа да го претставуваат црвено – жолтиот тим ќе ја имаат: Јана Атанасовска – слалом и велеслалом и Мирко Лазарески – слалом и велеслалом.

 

 

Поврзани содржини