ТИ СИ ЛАВ СО МЕКО СРЦЕ Сопругата на Синиша Михајловиќ испрати емотивна порака од болница (ФОТО)

На Михајловиќ му беше дијагностициран агресивен тип на леукемија во јули 2019 година, но тој успеа да се врати по повеќе тури хемотерапија и пресадување на коскена срж.

749

Аријана Михајловиќ, сопругата на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ ,објави емотивна порака од болничката соба каде што српскиот тренер е на нова терапија по враќањето на леукемијата.

На Михајловиќ му беше дијагностициран агресивен тип на леукемија во јули 2019 година, но тој успеа да се врати по повеќе тури хемотерапија и пресадување на коскена срж.






Но, за жал, олеста се врати минатиот месец и Михајловиќ повторно заврши во болница, од каде што го води тимот на Болоња преку видео-пораки.

„Мораме да бидеме цврсти без да ја загубиме нежноста. Ти си лав со меко срце. Изненадување“, напиша Аријана.

Поврзани содржини