ТИ НЕ СИ ДОБРО, ИЗГЛЕДАШ БОЛНО Најтажната принцеза на светот шокираше со својот изглед (ФОТО)

Нејзините обожаватели во коментарите ѝ порачале дека се загрижени за неа и дека не изгледа добро.

1,882

Шарлин од Монако, „најтажната принцеза на светот“, како што ја нарекоа некои медиуми на денот на венчавката, објави фотографија на својот профил на Инстаграм каде позира со кралот на јужноафриканските Зулу луѓе, Мисузула.

„Ви благодарам за љубезноста и поддршката“, напиша Шарлин во описот на фотографијата, додавајќи „Bayede Nkosi“, што на африкански значи „поздрав до кралот“.






Принцезата позирала во кошула и дебел фустан, а на вратот носела бројаница. Нејзините обожаватели во коментарите ѝ порачале дека се загрижени за неа и дека не изгледа добро.

„Ти не си добро. Погледни ѝ ги рацете“, „Изгледаш многу изморено и тажно“, „Има толку многу тага во твоите очи. Се надевам дека еден ден повторно ќе бидеш среќна“, „Изгледа болна и премногу слабо“, „Таа е на работ на анорексија“, се само некои од коментарите под фотографијата.

Еден обожавател ја прашал принцезата кога има намера да се врати во Монако, но таа не одговорила на неговото прашање.

Шарлин со месеци е во родната Јужна Африка, а последен пат била видена во Монако во јануари оваа година. На 8 октомври принцезата по третпат беше оперирана за да ја излекува сериозната инфекција на увото, носот и грлото.

Во интервјуто за јужноафриканското радио 702 минатата година, рекла дека не може да го форсира своето закрепнување.

Нејзиниот престој во Јужна Африка предизвика гласини за развод од принцот Алберт, кој неодамна проговори за целата ситуација.

– Таа не го напушти Монако нагло. Таа не замина затоа што беше лута на мене или на кој било кдруг. Отиде таму за да ја преиспита работата на својата фондација и да земе малку слободно време – објаснил принцот Алберт за списанието „Пипл“.

Prince and Princess of Monaco visits South Africa, 6 Jul 2… | Flickr

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини