ТИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ ПРИЈАТЕЛЕ Нов гаф на Бајден, тој го заборави името на австралискиот премиер (ВИДЕО)

Чест ми е што имам со мене двајцата најблиски сојузници на Австралија, Австралија и Обединетото Кралство, кои започнаа нова фаза од трилатералната безбедносна соработка - изјави претседателот на САД.

750

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човекот одоздола“ за време на прес-конференцијата на која беше претставен историскиот договор за безбедност со Австралија и Велика Британија.

Откако ги објави деталите за трилатералното партнерство чија цел е да се спротивстави на регионалното влијание на Кина, Бајден се сврте кон екранот на кој британскиот премиер беше поврзан преку видео врска и рече: „Благодарам Борис“.






Кога се сврте кон екранот на кој беше Скот Морисон, почна да се двоуми.

– Сакам да му се заблагодарам и на тој човекот одоздола. Многу ти благодарам, пријателе – рече Бајден.

 

Веднаш потоа, Бајден направи уште еден лапсус.

– Чест ми е што имам со мене двајцата најблиски сојузници на Австралија, Австралија и Обединетото Кралство, кои започнаа нова фаза од трилатералната безбедносна соработка – изјави претседателот на САД.

Американскиот претседател, повторно заблагодарувајќи им се на колегите, конечно се сети на името на австралискиот премиер.

– Како што рекоа премиерот Морисон и премиерот Џонсон, сакам да ви се заблагодарам за ова партнерство – рече Бајден

Сепак, беше предоцна и на Твитер веќе се појави хаштаг наречен „тој човекот одоздола“.

Поврзани содржини