ТИЈАНА НЕ БИЛА ИСПЛАШЕНА ОД ЛЕТОТ, СНИМАЛА СПОТ Сопственикот на агенцијата за парасејлинг ја раскажа својата верзија на приказната
Не беше ниту пијана ниту дрогирана. Не покажа страв од летање или висина. На почетокот на летот, им мавна на пријателите кои беа на плажа, а тие ѝ мавнаа. Крај плажата се формираше круг и сè беше во ред. Не знаеме што се случи и зошто ги откопча безбедносните појаси и скокна, вели за српските медиуми сопственикот на агенцијата за парасајлинг во Будва кој и самиот е под истрага.
Тинејџерката Тијана Р. (19), која вчера трагично загина во Будва додека летала со падобран влечена од глисер, работела на бесплатен туристички рекламен спот за компанија пред летната сезона, тврди за српските медиуми Мирко Крџиќ, сопственик на агенцијата преку која девојката што загина летала над Будва.
Крџиќ исто така вели дека девојката не се плашела од висина, успешно ја поминала обуката за летање и дека била расположена и ведра пред летот.
– Девојката беше расположена и ведра пред летот. Не беше ниту пијана ниту дрогирана. Не покажа страв од летање или висина. На почетокот на летот, им мавна на пријателите кои беа на плажа, а тие ѝ мавнаа. Крај плажата се формираше круг и сè беше во ред. Не знаеме што се случи и зошто ги откопча безбедносните појаси и скокна. Претпоставувам дека не го направила тоа свесно, туку во момент на неконтролиран страв, кој одеднаш се појави… – вели тој, кој сè уште е потресен од настанот.
Според Крџиќ дефитивно се работи за несреќа и случајот уште се истражува.
– Ова е несреќа чиј исход сега им е познат на сите. На мое големо жалење, се случи огромна трагедија. Не ми е дозволено да давам никакви изјави, како сопственик на компанијата, самиот сум под истрага на обвинителот. Она што можам да ви кажам е дека дефинитивно станува збор за несреќа. Таа не покажала никаков страв од летање, поминала обука, по што се случила трагедијата. Не знам точно што се случило, оригиналната снимка ја одзела полицијата, па не знам што зборувала непосредно пред несреќата.
Парасејлингот е популарна атракција која некогаш се одвива и на висина до 400 метри. Тијана паднала во водата од 50 метри. Медицинските служби ја констатирале нејзината смрт.