Тијана изгледа како авион! Во бикини го покажа новото совршено тело (ФОТО)

1,753

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ ја доведе линијата до совршенство, а со резултатите се пофали на Инстаграм со фотографија во костим за капење. Таа се ослободила од вишокот килограми со елиминирање на одредени намирници од нејзината исхрана…

Последниве денови многу се зборува за линијата на познатата пејачка. Тијана целосно го трансформираше своето тело и денес е во топ-форма, а многумина коментираат дека изгледа подобро отколку кога била помлада.






Пејачката ослабела дури 45 килограми со помош на диета, а Тијана во една прилика рекла дека имала 115 килограми пред да се породи.

– Буквално носев уште една личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Сепак, почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми треба никаква диета, туку да го сменам начинот на животот – открила Тијана.

– Ние жените имаме неверојатна блокада на главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храната и за тоа што ќе јадеме, а што не смееме – изјавила тогаш пејачката за српските медиуми.

Тијана сега го покажа совршеното тело, облечена во бикини додека ужива на море.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини