ТЕЖОК СУДАР НА „ЦИТРОЕН“ И АВТОБУС ВО СРБИЈА, ИМА ЖРТВА Автомобилот преминал во спротивната лента?

Извори за српските медиуми тврдат дека автомобилот најверојатно изгубил контрола поради непознати причини и удрил директно во автобусот. Истрагата за несреќата која зеде една жртва е во тек. Осум лица се повредени и пренесени во Ургентниот центар во Белград.

709

Едно лице загина и најмалку 8 се повредени во тежок судар на автомобил „цитроен“ и автобус рано утрово на Обреновачкиот пат, меѓу селата Умка и Остружница, јави РТС. Телото на возачот од „цитроенот“ било пронајдено покрај возилото, а според првичните информации од српските медиуми, токму тој можел да премине во спротивната сообраќајна лента во моментот кога наидувал автобусот на линија 860.

На местото на несреќата интервенирале три екипи на Брзата помош кои ги згрижиле повредените и ги пренеле во Ургентниот центар во Белград. Засега не е познат степенот на нивните повреди.






Полициската истрага сè уште трае, а сообраќајот на овој дел од патот е отежнат и се одвива наизменично, само по една лента.

Извори за српските медиуми тврдат дека автомобилот најверојатно изгубил контрола поради непознати причини и удрил директно во автобусот.

Поврзани содржини