ТЕЖОК СКАНДАЛ ВО БИ-БИ-СИ, ОСТАВКИ ПО ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ТРАМП Еве како исечените реченици биле ставени надвор од контекст
Скандалот ескалирал по објавата на „Телеграф“ кој открил протечен внатрешен меморандум од поранешниот советник на комисијата за уреднички стандарди, Мајкл Прескот. Тој предупредил дека продукциската куќа „Октобер филмс“, која го снимала документарецот „Трамп: Втора шанса?“, споила два дела од говорот на Трамп за да создаде впечаток на повик за насилство.
Британската јавна телевизија ја тресе скандал по откритието дека нејзината емисија „Панорама“ го монтирала говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на начин што сугерирал дека тој директно ги поттикнал немирите на Капитол Хил во јануари 2021 година,.
Тим Дејви, генерален директор на Би-би-си, и Дебора Тарнес, извршна директорка на Би-би-Си Њуз, си заминаа по серија жестоки критики за уреднички пропусти со материјалот, јави самиот Би-Би-Си давајќи детали за нивното заминување.
– Би-би-си генерално работи добро, но направени се неколку грешки и како генерален директор ја преземам целосната одговорност – изјави Дејви.
Од управниот одбор соопштија дека ја почитуваат неговата одлука и дека институцијата ќе спроведе внатрешна ревизија на сите документарни продукции.
🔥BREAKING: BBC Director Tim Davie & News CEO Deborah Turness have RESIGNED following backlash from the BC’s Donald Trump Documentary where they edited his January 6th, 2021 speech at the Capitol to make it look like he called on the people to “fight like hell”. pic.twitter.com/68PGHr1aVj
— Jack Danger (@JackDangerLIVE) November 9, 2025
„Сериозни обвинувања“ и притисок
Скандалот ескалирал по објавата на „Телеграф“ кој открил протечен внатрешен меморандум од поранешниот советник на комисијата за уреднички стандарди, Мајкл Прескот. Тој предупредил дека продукциската куќа „Октобер филмс“, која го снимала документарецот „Трамп: Втора шанса?“, споила два дела од говорот на Трамп за да создаде впечаток на повик за насилство.
Министерката за култура Лиза Нанди изјави дека „обвинувањата се сериозни и мора да се расчистат“, нагласувајќи дека во јавноста расте сомнеж дека „во известувањето на Би-би-си постои системска пристрасност“.
Емоционална оставка на Тарнес
– Ја донесов тешката одлука дека повеќе не е моја улога да ве водам во заедничката визија – рече Дебора Тарнес во своето соопштение. – Контроверзијата околу документарецот достигна точка што ѝ штети на Би-би-си, институција која ја сакам.
Таа додаде дека „грешки се направени“, но ги оцени тврдењата за институционална пристрасност како „погрешни и неправедни“.
Од „Тефлон Тим“ до пад од врвот
Тим Дејви, на чело на корпорацијата од 2020 година, преживеал бројни кризи – од случајот со Гери Линекер до контроверзите околу извештаите за Газа. Но, овојпат не успеал да ја избегне одговорноста.
– Овој пат не можев да ја задржам довербата на јавноста – изјави тој, додавајќи дека ќе соработува во процесот на транзиција.
Би-Би-Си најави дека ќе објави јавно извинување и дека ќе ги засили контролите за уредничка точност и транспарентност во сите идни продукции.